- Македонски
- English

Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати.
Работниците и членовите на синдикалната подружница во АД Водостопанство на РСМ, заедно со АГРО Синдикатот и ССМ, по неколку месечната борба со раководството на АД Водостопанство и претставниците на Владата, обезбедија исплатата на заостанатите плати на работниците да се случи на крајот на минатата и почетокот на оваа недела, а на исплатата предходеше и подготовката на штрајк во претпријатието по завршување на сите законски рокови кои истекоа микнатата недела за отпочнување на штрајкот и кој ќе се случеше доколку раководството и Владата не ја разбереа јасната заедничка порака на работниците и ако не ги исплатеа заостанатите плати на вработените.
СПЛОТЕНОСТА И ИСКРЕНАТА ЗАЕДНИЧКА СИНДИКАЛНА БОРБА СЕКОГАШ ДАВА РЕЗУЛТАТИ!
Борбата на синдикатот не запира овде. На АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје му е потребна промена во однос на усогласување на платите со Законот за минимална плата и надминување на другите внатрешни отворени проблеми со кои ќе се овозможи одржливо функционирање на Акционерското друштво во иднина.