Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ НА ЛОКАЛНО НИВО Е ЕДНАКВО ВАЖЕН

Денеска во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу претставници на Локалните економско – социјални Совети и Националниот Економско – социјален Совет.

На средбата покрај другите учествуваа Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје која воедно е претседател на ЗЕЛС, Дарко Димовски, Претседател на ССМ и заменик претседател на ЕСС, Наташа Мечкароска Симјаноска, Проектен координарот на Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, Претседатели на ЛЕСС и Секретари на Општините каде што има основано Локални економско – социјални Совети.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека зајакнатата позиција на Националниот Економско- социјалниот совет и Локалните Економско – социјални Совети во државата, овозможува социјалните партнери со свои забелешки, предлози, мислења и учество на расправите на комисии, да дадат свој придонес во изготвувањето на измените и дополнувањата на законите и нивно прилагодување кон европската регулатива, со што влијае врз обликувањето на работно– правната законска регулатива во државата и креирање на сите национални и локалните стратегии и политики.

Преку Националниот економско социјален совет и Локалните економско социјални совети, социјалните партнери на национално и на локално ниво можат да дадат активен придонес како релевантни партнери во државата за создавање на економска основа која ќе обезбеди намалување на сиромаштијата, повисок стандард и социјална сигурност за граѓаните.

Претседателот Димовски, во своето излагање напомена дека значајно е присуството на Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје, која како претседател на ЗЕЛС од прва рака се информира за улогата на Локалните економско – социјални Совети во утврдување на политиките за развој на локално ниво имајки ги во предвид потенцијалните можности и приоритети на секоја локална заедница, а од особено значење е и потребата од зајакнување на соработката на Националниот Економско социјален Совет со Локалните економско социјални совети и зајакнувањето на оваа соработка треба да биде приоритет на сите социјални партнери во понатамошниот период.

Danela Arsovska , Градоначалник на Град Скопје истакна дека зајакнувањето на улогата на Локалните економско – социјални Совети мора да се бара преку законски рамки и решенија за функционирањето на истите со што ќе се овозможи ЛЕСС да бидат функционални преку имплементирање соодветни активности со евентуално поврзување со планските региони со што ќе се овозможи и поголема функционалност на самите Локални економско – социјални Совети.

Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ) истакна дека основата за ефективен и ефикасен социјален дијалог на локално ниво е веќе поставена, преку проектите на МОТ, Унапредување на социјалниот дијалог и Зајакнување на социјалниот дијалог, финансирани од Европската Унија (ЕУ), и треба да се работи на нејзино надградување. Треба да се следи позитивната практика на локалните економско-социјални совети на Општините Битола, Струмица, Тетово и Куманово, како активни чинители во креирањето на политиките и стратегиите на локално ниво. Еден таков пример е локалното партнерство за вработување Битола, кое со вклучување на општинската администрација, бизнис-секторот, синдикатите, образовните институции, центарот за вработување и граѓанските организации, успеа да го раздвижи пазарот на труд во Општина Битола, и да придонесе кон креирање нови и квалитетни работни места.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.