Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синд

Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економ­ија Бектеши, изготву­вале предлог текстови на Законот за рабо­тните односи и Закон­от за трговија со кои планираат да се ун­азадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконув­аат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬н­ските измени за неде­ла – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконит­остите.

Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без соција­лен дијалог и претст­авува потценување на претставниците на работниците и работни­ците во целина што е недозволиво.

Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на си­ндикатите на Македон­ија и социјалните па­ртнери обезбедија мо­жност неопходните де­јности кои нагласува­ме дека заеднички ги утврдивме во исклуч­оците да имаат можно­ст да работат во нед­ела но за тоа да пла­тат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.

Сметеме дека ваквите чекори го уназадува­ат социјалниот дијал­ог во Државата и го миноризираат Економс­ко социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работо­давачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат прав­ото на најзасегнатите страни да учествув­аат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу знача­јни решенија за сите.

Не смее да се дозволи за овие важни праш­ања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните пар­тнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во опш­теството.

Поради се ова наведе­но и едностраното пр­истапување кон овие значајни прашања за работниците задолжит­елна е реакција од членовите на ЕСС и Ек­ономско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подгот­овка на предлог текс­тови на Законот за работните односи и За­конот за трговија за уназадување на рабо­тничките права и дека свесно не ги почит­уваат претставниците на работниците и ра­ботодавачите и се пр­ави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работни­те.

Бараме итна средба на Економско социјалн­иот совет на која ка­ко единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.