- Македонски
- English

1.05.2012
Во моментот кога пред Работничкиот дом се одржаа одржуваа прес конференции на некои политички партии и невладини организации, на кои беа искажани низа обвинувања на сметка на ССМ, во зградата се одржуваше обука на антимобинг советници.
Самата ситуација потполно ја објаснува новата платформа за дејствување на ССМ – додека надвор некои структури искажуваа секакви обвинувања, во ССМ на ден празник се работеше. Се обучуваа дваесет лица - волонтери, правници, работници, вработени во Синдикатот - кои утре треба да им помагаат на злоставуваните работници. Така се создаде ситуација дека оние кои обвинуваат немаат поим дека внатре некој не жали својот труд и време за да направи нешто корисно и хумано. Може да се постави прашање – што е поправилно и поефективно?
ССМ е свесен дека што и да постигне за некого пак ќе биде виновен. Различните мислења и мотиви се неизбежни и секој има право да го каже своето. Меѓутоа, ќе потсетиме на нашата нова платформа, според која најдобриот пат за зачувување на работните права и на стандардот е работа место конфликти, разговор место штрајкови, социјален дијалог место контрирање. Не ги исклучуваме штрајковите и демонстрациите, но по базичната дефиниција на интернационалниот синдикализам, која функционира повеќе од 130 години, штрајкот е последно синдикално средство. Со други зборови, приоритет е разговорот и договорот, а по конфликт се посегнува кога примарните средства не даваат резултати.
Понекогаш се заборава дека социјалниот дијалог не вклучува само една, туку три страни, кои по дефиниција имаат различни позиции. Не е лесно Синдикатот, Владата и работодавачите да најдат некоја средина, напротив.
Во изминатите две години, од доаѓањето на новото раководство на ССМ, се постигнаа цели кои не беа остварени последните дваесет години:
Ова е само дел од постигнувањата на ССМ, но секако пред нас се уште многу задачи што треба да ги исполниме.
Конкретно за начинот на одбележување на денешниот празник, да направиме паралела со минатогодишниот Први мај. И тогаш ССМ празникот го означи работно и поведе Иницијатива за закон за минимална плата. Законот беше донесен после седум месци. Ефектот е: подобрена е положбата на 65.000 лица во земјава. Оваа година поведуваме Иницијатива за Закон за мобинг, затоа што веруваме дека работниците треа да се заштитат од се помасовната појава на психичко злоставување на работните места. Всушност во агендата на ССМ се уште доста иницијативи за решавање на многу други животни прашања на работните луѓе.
Што се однесува до одбележувањето на Први мај, секој има право да го одбележи како што мисли – некој ќе обвинува, некој оди на излет, некој одмора дома, а има и такви што фатиле нешто да сработаат. ССМ настојува да биде во оние на крајот. Инаку во времето на бившото раководство се организираа дефилеа и демонстрации, но тоа беа празни изразни форми, кои не соодветствуваат на менталитетот и духовноста на овој народ. За нашиот народ трудот е највисоката, најблагородна вредност што може го краси човекот.