- Македонски
- English

По повод изјавите на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, што ги искажа вчера, на 18 декември, во Валандово, и кои ги пренесе “Курир“, Сојузот на синдикатите на Македонија на јавноста го изнесува следново:
Непримерени и опасни се изјавите и ставовите на Зоран Заев, градоначалник на Струмица и висок функционер во неговата политичка партија.
Изјавите за “кастрење на дражвната администрација“, за бркање од работа, посебно страшната закана “живи луѓе ќе јадеме“, е вознемирувачка за демократските процеси во Република Македонија.
ССМ е исто така вознемирен што функционер на една голема политичка партија излегува во јавноста со вакви траорни ставови, кои се прикладни за средниот век, сигурно не за време и за земја која се стреми да влезе во европската заедница.
Ние не ги делиме луѓето според политичката определба. Воопшто во нашата Програма сме определени да се бориме против било која вид дискриминација, значи по политичка основа, национална, верска, расна и родова. ССМ се бори да ги заштити сите вработени, без оглед на која политичка партија припаѓаат, или пак се политички неопределени, исто така без оглед дали работат во јавно или во приватно претпријатие.
Нашиот став за намалување на вработеноста, еден од најголемите проблеми во нашата држава, е отворање на нови работни места, никако бркање на едни, за да ги заменат други. Во јавниот сектор и јавните служби се вработени околу 120.000 лица, што значи дека со секоја смена на власта би била загрозена егзистенцијата на исто толку семејства.
Токму затоа сме должни да јавно да реагираме и да ги осудиме истапите кои се против општите демократски принципи, како што е вчерашниот настап на Зоран Заев во Валандово.