Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК СО КОМУНАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ДЕЛЧЕВО ВО ЈКП БРЕГАЛНИЦА

Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски денеска оствари средба со работниците и синдикалците од ЈКП Брегалница од Делчево.

По интервенција на СУТКОЗ минатата недела беше исплатена заостанатата плата на работниците, а денеска претседателот Димовски го посети јавното комунално преторијатие за од работниците да ги слушне проблемите со кои се соочени и да помогне за нивно надминување.

На состанокот присуствуваше и директорот на кој од страна на работниците и синдикатот му беше укажано дека платата треба редовно да се исплаќа, како и дека платите на работниците треба да се усогласат со минималната плата со што ќе се избегне урамниловката која сега е направена, а со тоа ќе биде и применет законот и ќе видат усогласени платите.

Директорот истакна дека прави напори да се усогласат платите на работниците, а за тоа доставил и барање за финансиска помош до градоначалникот и Советот на општина Делчево.

Закажан е нов состанок помеѓу раководството на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈКП Брегалница со директорот и претседателот на СУТКОЗ за две недели.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.