- Македонски
- English


СОСТАНОК СО НОВИОТ ДИРЕКТОР ФЕС – СКОПЈЕ
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов , Претседателот на Синдикат за градежништво - СГИП и Потпретседател на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски придружувани од Претседателот на Секцијата на млади, Дарко Трајкоски остварија средба со новиот Директор на Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, Dr. Peter Hurrelbrink и Валон Садики, програмски координатор.
Поддршката која во изминатиот период Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје ја даваше на Сојузот на синдикатите на Македонија беше од големо значење, а особено тоа што со поддршка на ФЕС беше креирана Синдикалната минимална кошница, Анализата за минималната плата во Македонија кои значајно придонесоа за донесување на Законот за минималната плата како и нејзиното зголемување, организирани беа голем број обуки, академии и семинари, а беше реафирмирана и работата на Секцијата на млади во ССМ, беа спроведени низа на кампањи и беа изготвени голем број на промотивни активности.
Сојузот на синдикатите на Македонија преку партнерскиот однос со Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје и во наредниот период ќе продолжат да работат на креирање на достоинствени услови за живот за задржување на младите во Македонија.
Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje