Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК СО НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ФЗОМ

СОСТАНОК СО НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ФЗОМ

На ден 09.07.2024 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување беше остварена работна средба на која учествуваа Претседателот на Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ Трпе Деаноски, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Генералниот Секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и Заменик претседателот на СО при ФЗОМ Зоран Печевски, со ново именуваните директори на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

На оваа средба се разговараше за отворените прашања кои вработените во ФЗОМ ги имаат со години наназад, а главниот акцент беше ставен на нерешениот проблем со висината на платите на вработените, не исплатеното усогласување на платите со порастот на минималната плата и систематизацијата на работните места.

Новото раководство на ФЗОМ истакна дека сите отворени прашања ќе се решат преку преговори со Синдикатот и дека соработката на ФЗОМ и Синдикатот на УПОЗ уште повеќе ќе се унапреди во наредниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.