- Македонски
- English
Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) претставуван од Претседателот Игор Ѓерасов, придружуван од Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР во Боров дол Станко Јованов, одржаа состанок со работниците во Боров дол Радовиш на кој ги информаираа за потпишаниот Колективен договор со кој се унапредуваат правата на работниците во рудникот и со кој се утврди и динамика за зголемување на платите на работниците, а во наредниот период ќе се утврдат и дополнителни критериуми за дополнително зголемување на платите врз основа на работната успешност, редовноста, безбедноата и здравјето при работа и др.
Работниците, со почеток на годината добија зголемена основната плата, а социјалниот дијалог кој го водеше СИЕР со менаџерскиот тим на рудникот обезбеди потпишување на Колективен договор по многу години со што направен е значителен напредок во взаемното почитување како социјални партнери, како и во унаоредување на работничките права.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) при ССМ со рудникот Боров Дол кој започна со работа во 2021 година, успеа да го потпише својот прв колективен договор по само три години од отпочнувањето со работа на компанијата.
Истовремено, работниците побараа да се направат напори со надлежното министерство да се изврши доплата на разликата за бенифициран стаж за дел од работните места на кои изминатиот период не бил уплатуван истиот заради различниот назив на работните места.