Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Состанок за бзр за членовите на синдикатите здружени во ссм за регионот штип и пробиштип

2.3.2016
 
Слика 1. Претседателот на ССМ на состанокотСлика 1. Претседателот на ССМ на состанокот

Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР),  во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на  граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”, на 2.3.2016 година во Штип,  пред претседателите на синдикалната организација од Штип и Пробиштип, државниот инспекторат на труд, работодавачите, граѓанските организации, претставници од Правениот факултет од Штип, организираа работен состанок

Тема на работниот состанок беше на Законот на БЗР со посебна посвета на позицијата и улогата на Синдикалниот претставник за безбедност и здравје при работа и претставникот на БЗР.

Во рамките на состанокот од секретарот на регионалното синдикално претставништво (РСП) од Штип, Ванчо Трајчевски, беше презентирана анализата на состојбата на терен, поврзана со БЗР во Штип и Пробиштип.

Слика 2. Учесниците на состанокотСлика 2. Учесниците на состанокот

Состанокот беше искористен сите чинители во процесот да ја афирмираат позицијата и значењето на субјектите, координирано и во партнерските однос да ги спроведат обврските утврдени со Законот за БЗР а посебно практичната примена на измените на законот.

Свое посебно обраќање за значењето на БЗР и потребите од обуки, имаше и претседател на ССМ, д-р Живко Митревски, кој посебно го истакна значењето на овој закон.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.