- Македонски
- English
Откако минатата недела Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството на Македонија - СИЕР и ССМ заедно со работниците организираа штрајк во кругот на фабриката Факом поради не исплатените плати, регрес за годишен одмор и тринаесетти плати, во изминатите денови се водеа преговори со менаџерскиот тим кои почнаа да го даваат првичниот резултат.
Веќе е исплатена платата за месец јануари 2025 година, а исплатен е и регрес за годишен одмор за 2024 година, додека од страна на менаџерскиот тим дадено е уверување дека до 25.03.2025 година ќе биде исплатена и платата за месец февруари, ќе биде исплатена 13 плата за 2023 година и ќе биде извршена доплата за разликата од помалку уплатената плата за месец декември 2024 година.
Во процесот покрај СИЕР и ССМ, се вклучи и Владата со чија помош се исплатени средствата кои од буџетот не биле исплаќани на работодавачот, што значително придонесе да се исплатат заостанатата плата и К-15 на работниците.