Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОВЕТОТ НА ССМ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СИНДИКАЛЕН МАРШ

На денешната седница на Советот на ССМ, по предлог на Претседателството на ССМ, едногласно беше донесена Одлука за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, 1-Ви Мај во услови на здравствената криза, предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, со СИНДИКАЛЕН МАРШ, под мотото: ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!

Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција.

Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата.

Синдикалниот марш, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19, ќе започне на 01.05.2021 година во 10.30 часот пред зградата на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.