- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија во рамкиите на активноста „Правна заштита – сигурност на работничките права“ која се спроведува во рамките на Проектот: Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од ЕУ, а спроведуван од канцеларијата на МОТ организира Советување за правни застапници, синдикални претставници и синдикални раководства кое се одржа во периодот од 10 до 11 ноември 2021 година.
На советувањето учествуваа Советување за правни застапници, синдикални претставници и синдикални раководства, а присутните ги поздравија Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Наташа Мечкароска Симјаноска
Проектен координатор на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог.
На советувањето беа презентирани новите ИТ алатки кои ги воведе ССМ за поголема достапност до работниците, СИНДИ - Е советник за работнички права и првата бесплатна мобикна апликација ССМ - мои работнички права.
На советувањето, колешките Мартина и Снежана ја презентираа нивната работничка сторија, за тоа како заедно со ССМ се изборија за нивните работнички права.
Активноста е дел од „Правна заштита – сигурност на работничките права“ која се спроведува во рамките на Проектот: Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од ЕУ, а спроведуван од канцеларијата на МОТ.