Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Спортски средби на синдикатите за угостителство и за сообраќај

 

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбено стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија (СУТКОЗ) од 10 до 13 јуни ги одржува Седумнаесеттите работно – спортски средби, познати како “Комуналијада“. Средбите ќе се одржуваат во хотелот “Еуротел“ крај Струга.

Во исто време своите спортски игри ги одржува Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ). Петнаесеттите Спортски игри и средби на СРСВМ ќе се одржат во хотелот “Дрим“ во Струга, на 11 и 12 јуни. Организатор на годинашните игри е Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“.

Спортските игри вообичаено се одржуваат еднаш годишно и претставуваат препознатлив знак на синдикалниот живот во Македонија. Средбите се одвиваат во неконвенционална, релаксирачка атмосфера и се сметаат за добра форма на запознавање и дружење на синдикалните активисти. Имено, покрај синдикалните активисти од претпријатијата и установите, чиј број се движи од двесте до над четиристотини, на некои игри учествуваат и претставници на синдикатите од други земји, со кои македонските синдикати одржуваат блиски врски. Во основа дружењето и размената на искуства се најсодржајните функции на средбите, додека самите дисциплини, како влечење јаже, кошарка, риболов, шах, крос и други се повеќе дружење низ игра отколку вистински спорт.

Средби од овој вид организираат уште пет синдикати: Синдикатот за градежништво, проектирање и индустрија (СГИП), Македонскиот полициски синдикат (МПС), Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикатот за финансиски дејности (СФДМ).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.