Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СПРЕЧИВМЕ ПРИСИЛНА ВАКЦИНАЦИЈА И ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТЕСТИРАЊЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита како единствени репрезентативни претставници на работниците до надлежните институции во изминатиот период доставуваа издржани забелешки и предлози со цел прицесот за вакцинација да остане доброволен, а да се спречи преку задолжително тестирање да се предизвика финансиско оптоварување на работниците и страв за губење на работните места.

Единствено ССМ и Самостојниот синдикат за здравство аргументирано ги бранеа интересите и правата на работниците, а беше одржана и средба со Министерот за здравство на која беа презентирани ставовите, дилемите и опасностите за најавените мерки, а по пат на социјален дијалог се надминаа недоразбирањата и последните информации се дека дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните, а во вторник, на владина седница, ќе биде предложена нова мерка, а тоа е стимулација на матичните лекари.

Остануваме отворени за соработка во наредниот период со надлежните институции во насока на креирање на мерки кои ќе значат дополнителна стимулација, едукација и информираност на вработените за научните сознанија , предност и бенефит од имунизацијата против Ковид 19, со целосно почитување на правото на секој човек самостојно да одлучува за своето здравје.

Ги повикуваме работниците слободно и по своја воља да одлучат за сопствената имунизација, не прифаќаме уцени и присила во тој поглед.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.