- Македонски
- English
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СО МАГНУС БЕРГЕ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАБОТНИЧКИ АКТИВНОСТИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ (ILO)
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски во Работничкиот дом, остварија средба со Магнус Берге Специјалист за работнички активности од Меѓународната организација на трудот (ILO).
Сојузот на синдиактите на Македонија и Меѓународната организација на трудот (ILO) преку канцеларијата во Скопје имаат одлична соработка на полето на воведување на меѓународните трудови стандарди во Македонија, а ССМ е најчест подносител за ратификација на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
Поддршката од Меѓународната организација на трудот е од големо значење на ССМ, имајќи во предвид дека со нивна поддршка Сојузот на синдикатите на Македонија стана препознатлив не само во Македонија туку и на меѓународно ниво, беше креирана првата бесплатна мобилна апликација ССМ – мои работнички права која денес им помага на работниците во Македонија, а истата како добар пример веќе се презема и од Синдикатите од регионот и пошироко.
Зајакнувањето на капацитетите на ССМ на полето на колективното преговарање и договарање, подготовката на новите законски решенија од областа на трудот, развојот на социјалниот дијалог на централно и на локално ниво се од големо значење, а во наредниот период продолжува соработката за зајакнување и унапредување на работничките права.