- Македонски
- English

На ден 01.03.2022 на барање на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО при ССМ, се одржа средба во Собранието на Македонија помеѓу раководството на ПСО предводено од Влатко Секуловски, Владо Димовски, Фитим Аџами и Јован Шапе, Потпретседателот на ССМ Иван Пешевски со координаторот на пратеничката група Илире Даути и пратеникот Халил Снопче од Алијанса на албанците каде што се разменија мислења за актуелната состојба во целокупниот образовен систем и за статусот на просветните работници во целина.
Како пратеничка група дадоа согласност дека треба да се изгласа потребата за донесување на законот за наставници и стручни соработници. Се разбира дека сме на заеднички став дека предлог законот не ги исполнува во целост потребите и барањата на наставниците, меѓутоа потребата е неопходна и се разбира дека заеднички ке интервенираме за неопходните измени.
Ја начнавме потребата од донесување на нова концепција за образованието. ПСО при ССМ активно ке учествува во обработката на новата концепција. Се согласивме дека за квалитативна концепција треба да се вклучат вистинските експерти, а не "политичките експерти". Факт е дека владата нема принципиелен став, а како пример се различните ставови, т.е. различниот концепт на бившиот и сегашниот министер за образование во врска со дигиталните учебници.
Во врска со платите во образовниот сектор, исто така сме на заеднички став дека првенствено треба да се брани достоинството на професијата наставник.
Како Алијанса за Албанците веќе предложија амандман каде што побараа еквивалентно покачување на плативте и во образовниот сектор со покачување на минималната плата. Пратениците укажаа дека тоа е најмалку што можеле да направат како Собрание, без оглед дека се свесни дека и ова покачување нема да ги задоволи потребите на наставниците.
За жал нивниот амандман не се прифати од владеачкото мнозинство.
Прогресивниот синдикат на образование при ССМ е на ист став со Алијанса на албанците во врска со ова покачување и се сложивме да во иднина заеднички да дејствуваме за реализација на оваа наша заедничка определба.