Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА РАКОВОДСТВАТА НА ССМ И ССУКИМ


СРЕДБА НА РАКОВОДСТВАТА НА ССМ И ССУКИМ

Средба ССМ и ССУКИМ на високо ниво во интерес на унапредување на синдикалните односи и работничките права ва вработените во високото образование на државно ниво, во седиштето на ССМ.

На средбата присутвуваа претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претседателот на ССУКИМ проф.д-р Ангел Ристов и заменикот на ССУКИМ м-р Илија Манасиев.

Средбата беше во интерес на првично запознавање за работата на двата синдикати, размена на искуства од сферата на колективното преговарање и очекувањата од исполнувањето на колективниот договор кој го потпиша ССУКИМ.

Взаемен заклучок е дека синдикатите се важен сегмент во социјалниот дијалог и дека треба да се надградат формите на синдикално организирање особено во високото образование. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.