Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДИМОВСКИ И МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКА

Доцна попладнево претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски оствари средба со министерката за Труд и социјална политика, Јована Тренчевска на нејзина покана, на која се разговараше за покачување на минималната плата согласно барањата на ССМ и ветувањата на Владата.

Претседателот Димовски уште еднаш ги изнесе ставовите и барањата на ССМ за потребата од итно зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, како и барањето за потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со утврдување на право на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.

Заложбата на Владата е зголемување на минималната плата на 18.000 денари што е можно побрзо, а порастот на минималната плата ќе продолжи во текот на целиот мандат и до крајот ќе изнесува 20.000 денари. Го цениме трудот на работниците особено во услови на светска економска и здравствена криза и токму затоа согледувајќи ја економската состојбата на граѓаните, покачувањето на минималната плата е и повеќе од потребно. Затоа мора да има такво покачување, особено ако се знае дека тие предизвикуваат и спирално зголемување на сите плати и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Тренчевска.

На средбата, за правото на регрес за годишен одмор – К15 за работниците беше истакната целта на Владата, тие да имаат исти права, а Владата е отворена и подготвена на дијалог преку кој ќе се дојде до најсоодветното решение.

ССМ е сериозен во намерите и нема отстапки за остварување на овие егзистенцијални барања на работниците за опстанок во оваа ковид, енергетска и економска криза.

Фото: архива

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.