Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

На 29.01.2024 година, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Претседателот на СДСМ и поранешен Претседател на Владата, Димитар Ковачевски, а на истата присуствуваа и Претседателите на синдикатите, Иван Пешевски од СГИП, Трпе Деаноски од УПОЗ, Игор Ѓерасов од СИЕР и Игор Китаноски од АГРО.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот  Работнички дом на ССМ се одзема од работниците за сметка на Државата.

Претседателот на ССМ Трендафилов нагласи дека ССМ нема да подлегне на притисоците за негово уништување и за насилно одземање на Работничкиот дом изграден од синдикална чланарина во далечната 1958 година, објект кој повеќе од 60 години и симборл на работничката борба и на синдикатите во Македонија, дека ќе бидат искористени сите средства за да се одбрани од нападот, особено поради тоа што сите постапки од 1992 година до срамната Пресуда на Врховниот суд во 2023 година завршувале во интерес на Сојузот на синдикатите на Македонија и дека со ваквата пресуда се прави упад во целокупниот судски систем, а дека доколку истата опстои како таква во правниот промет во Македонија ќе значи и одземање на многу други имоти и домови на други субјекти во Македонија

Претседателот Ковачевски беше дециден дека е на страната на работниците, на страната на синдикатите и дека цврсто стои во одбрана на нивните интереси.

-Заштитата на правата на работниците, почитувањето и вреднувањето на нивниот труд е столб на социјалдемократијата. СДСМ нема да дозволи урбанистичко дивеење или уништување на синдикалното движење, кое е основа на прогресивните процеси во државата. Никој да не си замислува дека ќе биде поинаку и ќе може да си поигрува со синдикатот. Да се тргнат рацете од ССМ, ќе помогнеме да се најде најдобро решение и нема да дозволиме такво нешто, рече Ковачевски.

Владата во рамки на своите ингеренции треба да најде начин за решавање на овој проблем, настанат по одлука на Врховниот суд, потензираше Ковачевски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.