Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ССМ И ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ

Денеска, на покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски се одржа средба помеѓу претставници на ССМ предводени од страна на секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, шефот на кабинет, Слободан Трендафилов, потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски со координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска.

На средбата се разговараше за предлог амандманот кој ССМ го достави до пратеничките групи со цел истите да го достават согласно своите надлежности до Собранието и на таков начин во Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година амандмански да се интервенира и да се обезбедат средствата за од 01.07.2022 година да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и - институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.

Во текот на денот претставниците на ССМ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во координација за амандманот и официјално да биде доставен до Собранието согласно процедурите.

Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој ќе го достават пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.