Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

 

Денеска, во Работничкиот дом се одржа средба помеѓу Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов придружуван од Претседателот на УПОЗ и потпретседател на ССМ за јавен сектор Трпе Деаноски, Претседателот на СГИП и потпретседател на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски и Лиле Петрова шеф на кабинет, со Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски, Советникот на министерот, Проф. д-р Лазар Јовевски и дел од кабинетот на министерот.

Претседателот на ССМ Трендафилов го информираше министерот Велковски за активностите на ССМ како и за главините отворени прашања кои се од интерес на работниците, процесот за подготовка на нов Закон за работните односи, подготовката на нов Закон за безбедност и здравје при работа, за не уставниот Правилник на МТСП за регистрација на колективните договори само со согласност на Министерот за финансии, за Комисијата за толкување на Општиот колективен договор за јавен сектор, Комисијата за утврдување на репрезентативност, арументите на ССМ против Предлог - Закон за работно ангажирање на лица (за вршење наработи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка), за тоа дека не смее да се дозволи со Европско знаменце да са уназадуваат и силуваат работничките права како што тоа се планира со неколку закони кои се во подготовка, а започна со воведувањето на 72 часовната работна недела за удоволување на странски конзорциум, како и за најгорливото прашање за конфискацијата на Работничкиот дом со срамната пресуда на Врховниот суд .

„Во консултација со нашите братски синдикати од европската и светската конфедерација на синдикатите и во консултација со претставниците на меѓународната организација на трудот можеме да кажеме дека не постои ниту еден ваков случај во некоја постсоцијалистичка или комунистичка држава да се одземе дом граден од синдикална членарина од работниците од синдикатите“, истакна Претседателот на ССМ слободан Трендафилов и додаде дека како ССМ бараат разрешување на тројцата судии кои ја имаат донесено одлуката за конфискување на Работничкиот дом.

„Ова е прв случај во светот и веројатно Македонија како и по многу други работи, ќе биде позната за прв пат и тоа е за да се разграба работничкиот имот за некој бизнис и се сомневаме на други интереси во конкретниот случај“ „Писмата со поддршка кој ги добиваме ќе бидат доставени до Министерот за труд и социјална политика, се разбира и до Владата, поддршката од сите страни е кон Сојузот на синдикати на Македонија, против оваа политика, и на Владата која го започнала овој процес и на судот кој ја донел ваквата срамна пресуда. Ги испративме пресудите до сите експерти на европско ниво со кои ние како синдикати располагаме и сите се чудат на паметот на овие тројца судии на каков начин ја донеле пресудата надвор од правото. Во Македонија, веројатно целта на некој беше досега правото да стане неправо, меѓутоа сметам и дека со новата Влада не смееме да го дозволиме тоа“додаде Претседателот Трендафилов

Синдикатите ги разбирам како коректори, односно партнери на власта, на сите влади кои што функционирале и ќе функционираат во земјава. Нивниот глас треба да биде слушнат и тие треба да бидат испочитувани, изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски

Тоа што го говорат Синдикатите, вели Велковски, е глас на самиот работник и истото онаму каде што има законски можност треба да биде имплементирано и да биде во полза на граѓаните, односно работниците.

Посочи дека биле напоменати и другите правни елементи кои што се пречка во унапредувањето на работничките права и како синдикатите би можеле да бидат коректори на однесувањето на власта.

– Стојам зад тоа, пред се, како човек, но и како министер ќе се залагам, барем во овој технички период, после со господ напред ќе видиме како ќе биде целава ситуација, меѓутоа заеднички стоиме рамо до рамо да се бориме и да биде коректори на сите процеси во нашата држава, само во полза на работниците во Македонија, рече Велковски.

Министерство за труд и социјална политика

Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ

Синдикат за градежништво - СГИП

Gjoko Velkovski

Проф. д-р Лазар Јовевски

Слободан Трендафилов

Сојуз на синдикатите на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.