Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба помеѓу СУТКОЗ и АДКОМ

Претседателот на СУТКОЗ (ССМ), Дарко Димовски и Претседателот на АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги), Зоран Георгиевски одржаа состанок во просториите на ССМ во Регионалното синдикално претставништво во Струмица, а на средбата присуствуваше и Бранко Георгиев, Секретар на РСП Струмица.

На средбата се разгледуваше предлог текстот на Колективниот договор за комуналните дејности изготвен од СУТКОЗ кој во најскоро време се очекува да биде потпишан, а преку него да се уредат и унапредат правата на комуналните работници во Државата.

Исто така се дискутираше и за потребата од заеднички настап на СУТКОЗ и на АДКОМ се со цел ставање на приоритетната листа за вакцинација на комуналните работници кои во изминатиот период во време на пандемија не се штедеа и вложуваа максимални напори за обезбедување на навремени услуги преку отстранување на отпадот контаминиран и со Ковид - 19 како и санирање водоводните и канализационите дефекти.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.