Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА LPPS ЛИТВАНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И МПС

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов придружуван од Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Зоран Кузманоски и Генералниот секретар на МПС Зоран Крстев, оствари работна средба со делегација на Литванскиот полициски синдикат (LPPS) која беше во состав Рома Катиниене и Андриус Ужмеџски, во Скопје каде се договорија низа активности за периодот кој претстои.

Претседателот на ССМ Трендафилов истакна дека Македонски полициски синдикат со своите активности е лидер во заштитата и унапредувањето на работничките права во полицијата, а заедно со новото раководство на МПС, во наредниот период обебедено е зголемување на платите на полициските службеници.

Сојузот на синдикатите на Македонија и во наредниот период ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонскиот полициски синдикат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.