Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба со генералниот секретар на ituc шаран буроу

 18.12.2013

18.12.2013-foto1Претседателот Митревски во разговор со генералниот секретар Шаран Буроу

За време на Конгресот на Светската федерација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI - Building Worker´s International), што се одржа од почетокот на декември во Бангкок, Тајланд, д-р Живко Митревски, претседател на ССМ и член на Светскиот синдикален совет на BWI, оствари средба со Шаран Буроу, генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC – International Trade Union Confederation).

На средбата претседателот Митревски на Шаран Буроу од името на ССМ и ја пренесе благодарноста за приемот во светското синдикално семејство. Со довербата што ја изрази ITUC кон ССМ посебно се потенцираат синдикалните активности во Република Македонија, кои даваат резултати и во најтешките услови предизвикани од светската економска и должничка криза. Чинот на приемот на ССМ во ITUC е оценет како историски за синдикалното движење во Република Македонија и за неговото легитимирање на светско ниво.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.