Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ

На 30.09.2024 година, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов учестваше на работниот состанок со Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет-Оливер Ропке.

На состанокот се дискутираше за улогата на социјалните партнери и социјалниот дијалог како и за улогата на граѓанското општество.

Претседателот на ССМ Трендафилов го информираше Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет Ропке за состојбата во Македонија на полето на Социјалниот дијалог, за тоа дека се уште не е закажана седница на Економско социјалниот совет, за злоупотребите на европското знаме со ставање на предлог закони без дијалог со социјалните партнери со цел заобиколување на процедурите од страна на предходната Влада со барање оваа лоша пракса да не биде преземена и од новата Влада, а побара и поддршка на Европско ниво преку новиот состав на Европскиот парламент и новата Европска комисија за активностите во Македонија.

Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Ропке истакна дека Социјалниот дијалог игра важна улога во Европската унија при носењето на Директивите како што е Директивата за минимална плата која предвидува уредување на минималната плата со колективни договори, а истакна дека ќе се заложи на почетокот на наредната година Македонија да биде ставена на мапата за посета од страна на Мисијата на ЕЕСК.

Информираше и дека добро е инфирмиран за склучувањата во минатото кога со злоупотреба на европското знаме се носени закони за намалување на работничките права како воведувањето на 72 часовната работна недела и дека за ова ќе го инфирмира новиот Комесар задолжен за социјална политика на Европската унија на наредниот состанок.

Исто така од страна на Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет беа потенцирани заложбите за повторно активирање на Задничкиот консултативен комитет. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.