- Македонски
- English
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов , Претседателот на СГИП Иван Пешевски, Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски, Претседателот на АГРО-синдикат Игор Китаноски, Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски и Шефот на кабинет Лиле Петрова придружувани од високиот преставник на Европската Конфедерација на Синдикати (ETUC) Питер Шерер – Советник на Секретаријатот на ETUC за членките од Западен Балкан во Собранието на Република Македонија одржаа средба со Претседателот на Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика Бојан Стојаноски.
На средбата беше потенцирана важноста од заживување на социјалниот дијалог помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел донесување на законска регулатива за остварување заштита и унапредување на работничките права, како и за решавање на сите отворени прашања кое се од важност за работниците во нашата држава.
Беше истакнато дека Европската конфедерација на синдикатите (ETUC) дава поддршка на ССМ како легитимен синдикат и претставник на работниците како и на другите синдикати во Македонија и повикува на дијалог со синдикатите во рамките на Собранието за важните прашања за работниците.
Заеднички беше констатирано дека во наредниот период треба да се избегнува лошата пракса на предходната Влада со злоупотребата на Европското знаме при донесување на законите со цел за оневозможување на дијалог по клучните закони кои ги засегаат работниците и нивните работнички права.