Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГЕРМАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ГЕРМАНСКА АМБАСАДА

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски, Лиле Петрова Шеф на кабинет остварија средба со Torsten Christen и Benedikt Bünker, претстаници на Сојузното Министерство за труд и социјална политика од Одделот за координација, ЕУ проширување, ЕУ Парламент и надворешна соработка и Марина Серафимовска, Одделение за економија при Амбасада на Сојузна Република Германија.

Претседателот на ССМ Трендафилов ги информираше претставниците од Министерството и Амбасадата за состојбите во Македонија поврзани со работно правното законодавство, предизвиците со кои се соочуваат работниците и синдикатите во Македонија и за потребата од поддршка за зајакнување на социјалниот дијалог на национално ниво.

Договорено е соработката да продолжи и во наредниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.