- Македонски
- English

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА IFMETAL И ОЛОФ ПАЛМЕ

Денеска во Работничкиот дом на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, остварија средба со претставници на IFMETAL од Шведска, ССС Град Суботица и Меѓународниот центар Олоф Палме.
На средбата присуствуваа Зоран Станиќ и Санел Чатиќ од IFMETAL – Шведска, Саша Антуновиќ, Ружа Костиќ и Борис Шпања од ССС Град Суботица, како и Левенд Бицаку и Данило Милиќ од Меѓународниот центар Олоф Палме.
На средбата се разговараше за натамошно зајакнување на меѓународната синдикална соработка, размена на искуства и добри практики, како и за заедничкото справување со предизвиците и проблемите со кои секојдневно се соочуваат работниците.
Посебен акцент беше ставен на успешната и долгогодишна соработка што СИЕР и ССМ ја остваруваат со Фондацијата Олоф Палме, особено во насока на зајакнување на капацитетите на синдикатите, едукација и подигнување на свеста кај работниците за нивните права од работен однос.
Меѓународната солидарност, размената на знаења и меѓусебната поддршка се од огромно значење во борбата за достоинствена работа, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права.
Солидарноста не познава граници – заедно сме посилни во борбата за правата на работниците!