- Македонски
- English
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов, Претседателот на УПОЗ и потпретседател на ССМ за јавен сектор Трпе Деаноски и Лиле Петрова Шеф на кабинет во Работничкиот дом остварија средба со Annette Kyobe, шеф на мисија од Вашингтон, Yuan Xiao, член на мисијата од Вашингтон, Симона Ковачевска Стефанова,
економист во Канцеларијата на ММФ во Скопје и Фатон Сулејмани, економист во Канцеларијата на ММФ во Скопје.
На средбата покрај другото се разговараше за потребата од зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците, за можностите и начинот на кој може да се случи тоа и за потребата од почитувањето на Општиот колективен договор за јавен сектор во делот на зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор согласно новата методологија.