- Македонски
- English
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Шефот на кабинет Лиле Петрова остварија средба со Емил Крстановски, Национален координатор на МОТ во Македонија, Раниа Бикхази, Специјалист за одржливи претпријатија, продуктивност и праведна транзиција и Александра Молтц,Специјалист за вештини и вработување од Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за централна и источна европа.
На средбата се дискутираше за процестите за ореквалификација и доквалификација на работниците, законските ограничувања и можности, најчестите злоупотреби од страна на работодавачите, како и за процесите на праведна транзиција и за опасноста од губење на работните места.
Укажавме на можноста преку социјален дијалог на локално ниво и активно вклучување на Локалните економско социјални совети да се изнајдат соодветни решенија потребите на работниците и работодавачите во различните региони во Македонија.