Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба со вработените во ЈП "Солидарност" - Виница за покачување на платите

На барање на вработените во ЈП "Солидарност" - Виница и Синдикалната организација, Претседателот на СУТКОЗ и ССМ Дарко Димовски оствари средба со вработените кои се незадоволни од Одлуката на Управниот одбор во ова јавно претпеијатие со која се прави урамниловка на платите на работниците.

Со Одлуката на Управниот одбор направена е груба урамниловка на 75 од 104 вработени во претпријатието и не е почктуван Законот во делот на усогласувањето на платите на сите вработени согласно порастот на минималната плата.

Синдикатот СУТКОЗ веќе има исоратено допис до работодавачот со кој бара платите на сите вработени да се зголемат за најмалку 2.806 денари во нето износ и доколку не се случи тоа работниците бараат и ќе организираат штрајк во ЈП "Солидарност" - Виница

На средбата учествуваа и Директорот и Претседателот на Управниот одбор на ЈП "Солидарност" - Виница, а се очекува средба со Градоначалникот на Виница за надминување на проблемот уште во текот на утрешниот ден.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.