- Македонски
- English


СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ
Почитувани колешки и колеги,
Дозволете ми во мое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија да Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници, Вам, на Вашите семејства и на сите работници и граѓани, со искрени желби за среќна и просперитетна нова 2024 година!
Синдикалната солидарност и синдикалната борба во новата 2024 година заеднички да ја издигнеме на повисоко ниво за остварување на работничките права.
Со почит,
Слободан Трендафилов
Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија