Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ будно ќе ја следи примената на новата мерка во рамките на акцијата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ која беше објавена од страна на Владата денес.

ССМ беше вклучен во консултациите кои ги имаше Министерството за економија и труд во изминатите денови за креирањето на новата мерка, а како синдикат кој ја пресметува Синдикалната минимална кошница, укажавме на што е потребно да се внимава и дека Синдикалната минимална кошница која ја изработува ССМ ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина ќе се намалат од страна на трговците или повторно ќе има злоупотреби.
 

Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапуваа на сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите.

За потсетување, трговците пред стапување на сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5% согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување.

Стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку повторно се обидат да го изиграат системот, ќе треба да се воведат и ригорозни казни за непочитувачите.

Сите мерки кои се носат во интерес на работниците и граѓаните особено во интерес на оние со најниски примања сметаме дека се добредојдени и ги поздравуваме.

За Новогодишна кошница, граѓаните ќе можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите преку посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Групите на производи се сублимираат во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.