- Македонски
- English

Денеска, на конференцијата на тема Заштита и зајакнување на синдикалните и работничките права во јавниот сектор во Скопје на синдикатите од јавниот сектор од Европската унија и Сојузот на синдикатите на Македонија, Европскиот синдикат за јавен сектор – EPSU, Европската конфедерација на полициски синдикати – EUROPOL и Европската асоцијација на воени синдикати – EUROMIL, беше искажана безрезервна поддршка на борбата на ССМ за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор и за генералниот штрајк во јавниот сектор.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ја отвори конференцијата и на присутните им се заблагодари за синдикалната солидарност искажана кон ССМ и истакна:
Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен репрезентативен синдикат на национално ниво , во приватниот и во јавниот сектор и како таков има сериозна одговорност на планот на остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.
Во таа насока во текот на оваа година ССМ е сериозно посветен на положбата на работниците во јавниот сектор кои со својата работа треба и мора да одговорат на потребите и интересите на граѓаните.
Се залагаме застручна , компетентна и ефикасна јавната администрација која посветено ќе работи во интерес на потребите на граѓаните , но притоа иато така се залагаме за обезбедување на пристојна работа и целосно остварување на работничките права на вработените во овој важен сектор .
Ги информираше претставниците од европските синдикати дека за жал во последните 5 месеци поради игноранскиот однос на Владата кон претставници на работниците , социјалниот дијалог во државата не функционира и тоа е една од причините поради која има застој во колективното договарање во оваа дејност.
Исто така, видлива е заложбата на ССМ и синдикатите од јавниот сектор здружени во ССМ за подобрување на економско – социјалната положба на работниците од јавниот сектор во текот на оваа година.
Владата на Макдеонија не го испочитува законот и на вработените за кои е надлежна не им ги зголеми платите поради што ССМ , заедно со целио јавен сектор стапи во штрајк кој трае веќе 3 месеци.
Штрајкот ги дава посакуваните резултати на локално ниво се склучуваат Колективни договори за зголемување на платите на локално ниво како и во јавните претпријатија и дел од министерствата, но за жал не и во најголем дел на министерствата и управата за кој е надлежна владата која сеуште одбива да ги зголеми платите и со тоа да им помогне на работниците да ја надминат оваа економска криза.
Претседателот на ССМ, Димовски на крај подвлече дека ССМ останува на висината на задачата докрај да се бори за зголемување на платите на сите вработени во јавниот сектор.