Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ Е ПОДГОВЕН ЗА СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ НО УШТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НА УЛИЦА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на Државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со нашите братски синдикати, работниците и граѓаните,( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, 4.500 до 5.000 на број, рамо до рамо, во точно 12 часот и 12 минути излеговме на големиот работнички протест.

Претставниците на ССМ, предводени од првиот синдикалец, Претседстелот на ССМ, Дарки Димовски беа примени и во Собранието и во Владата каде што беа презентирани следните барања:

1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог .

2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.

4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Од пратеничката група составена од претставници на сите партии од владеачкото мнозинство беа дадени гаранции дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор за 92% од работниците, а за оние 8% кои поради природата на работните места мораат да работат ќе добијат заслужени најмалку 50% до 100 % додаток за нивниот ангажман и веднаш ќе биде веднаш ставено на пленарна седница на која ќе биде усвоено.

Искажана е поддршка на предлогот на ССМ за измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната плата ,односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата и тоа да се случи на самиот почеток на 2022 година, а од страна на пратениците од владеачкото мнозинство беше укажано дека согласно Деловникот за најбрзо време ќе го поминат на прво и второ читање со цел истото да се применува со платата од јануари 2022 година, а обезбедени се гаранции за склучувањето на Општиот колективен договор за јавен сектор со кој ќе се исправи неправдата и правото на К-15 ќе биде загарантирано за сите работници и во јавниот и приватниот сектор.

Сојузот на синдикатите на Македонија покажа дека е спремен за решавање на проблемите на работниците преку социјален дијалог, но уште по спремен е да излезе заедно со работниците на улица и таму да ги бара и остварува работничките права, а во тој случај губитници ќе бидат сите.

Продолжуваме со нашите подготовки преку штрајкувачките одбори и во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, а доколку нема резултат ССМ ќе повика на Генерален Штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок.

Од страна на претставниците на ССМ беа изнесени и барањата на невработените, стечајците, пензионерите ( зголемување на пензиите), студентите и сите др кои се обратиле до ССМ и побарале поддршка од ССМ за нивните проблеми.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.