Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ И АГРО СЕ ИЗБОРИЈА ЗА НОВИ ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗК ПЕЛАГОНИЈА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Претседателот на ССМ Дарко Димовски и Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот во ССМ, одржаа состанок со вработените и Синдикалната организација во ЗК Пелагонија на кој се дискутираше за актуелната состојба во комбинатот, проблемите и предизвиците со кој се соочуваат работниците.

Беше одржан состанок и со правниот застапник и претставникот на работодавачот ЗК Пелагонија на кој беа презентирани барањата на работниците во поглед на новите договори за вработување .

Со помош на ССМ и АГРО синдикатот, работниците добија нови договори за вработување во кои составен дел се и нивните забелешки, а работодавачот изврши и корекција на основната плата во Договорите за вработување на неопределено време и со тоа се започнува со скалесто зголемување на платите на работниците согласно зголемувањето на минималната плата, а со помош на ССМ, работодавачот ЗК Пелагонија е еден од првите кој ги покачува платите согласно растот на минималната плата

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.