Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ И УПОЗ СО ПОДДРШКА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО МЦСР ПРИЛЕП

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски заедно со Претседателот ССМ Слободан Трендафилов како и Претседателите на СГИП Иван Пешевски и АГРО Синдикат Игор Китаноски денеска го посетија ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп каде уште еднаш ја изразија својата поддршка за колешката кон која пред 3 дена беше извршен обид за убиство додека ја вршела својата должност како и кон колешките и колегите кои работат во Центарот и кои беа изложени на опасност по нивните животи.

Истакнаа дека веќе издвоиле одредена сума на пари како поддршка при опоравувањето на повредената социјална работничка.

„Ние како Синдикат со годинини наназад единствено барање ни беше за безбедноста на работниците во Центрите за социјална работа. Веќе јавноста мора да знае дека овие колеги позади нас извршуваат многу специфична работа задача, со најмаргинализираните групи во општеството. Не е прв пат да бидат физички нападнати, не е прв пат да бидат вербално нападнати, но е прв пат некој да дојде тука и да пука со пиштол“, истакна Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Освен физичка заштита на Центрите побараа и физичка заштита кога одат на терен.

„Меѓутоа не е работата само да има физичко обезбедување на влезот на Центрите, проблемот е и кога овие луѓе излегуваат на терен тогаш имаат најмногу закани и напади. Овие луѓе имаат едни од најниските плати во државата, немаат додатоци на плата, немаат платено дежурство, немаат приправност, немаат ништо“, додаде Деаноски.

Претседателот на Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ Трпе Деаноски и Претседателот ССМ Слободан Трендафилов имаа посебна средба со вработените ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп на која се дискутираше за сите важни прашања кои ги засегаат работниците како што е нивната безбедност и здравје на работните места, ниските плати, условите за работа и др.

Беше изразена загриженост што до сега вработените не ги посетил никој од надлежните и истите се оставени сами да се справуваат со последиците од немилиот случај.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.