Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ: Ќе си заминат и тие малку работници што останаа

Она што може со сигурност да кажеме е всушност констатација од претходниот период кога голем процент од работоспособното население ја напушти државата и се вработи во високо развиените западно-европски земји, но и подалеку. Запрепастувачки се бројките од статистика колку млади луѓе, но генерално и квалификуван кадар се има отселено за секогаш од Република Македонија. Со Отворен Балкан ќе видиме дека уште повеќе поради либерализацијата на пазарот, ќе си заминат работници од Македонија од проста причина што останатите земји имаат повисок стандард поради поголемите лични примања на нивните вработени. Па така сите што не можат да отидат подалеку сигурно својата работа ќе ја побараат во овие две земји Р.Албанија и Р.Србија“, вели Иван Пешевски, потпретседател за приватен сектор во Сојузот на синдикати на Македонија.

Според него, Владата влегла во проектот без да направи компаративна анализа, но затоа, сега, брзо теба да се пристапи кон утврдување на заедничка цена а работен час.

„Ова ќе направи тектонски пореметувања во нашиот пазар за труд, бидејќи од другата страна не гледаме дека ние пак нудиме подобри законски решенија или повисоки плати за колегите од другите земји видат поубава перспектива кај нас. Мора да се внимава и да не се намали цената на трудот со увозот на работници, за да не се предизвика дополнително наши работници да заминуваат. Затоа неизбежно треба да имаме механизам/регулатор на цената на трудот или наместо плата заедничка цена по работен час“, вели тој.

Повеќе можете да прочитате на линкот во прилог

http://mk.bloombergadria.com/ekonomija/adria/8385/otvoren-balkan-gi-otvora-granicite-za-rabotnicite-koj-gubi-a-koj-dobiva/news/?fbclid=IwAR2JjWQSIQsepwl-B2M6gfkIJmnEVmb14R_qchHe2NAkSw3IpouFviylHWE

 

 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.