Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ НА СРЕДБА СО ПРАТEНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

ССМ на 30 јануари 2024 година испрати барање до сите координатори на пратеничките групи и до претседателот на Собранието за овозможување на Синдикатот како претставник на работниците да учествува во процесот на донесувањето на законот за административните службеници.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се одзва на дописот на ССМ и го покани на отворени и директни консултации.

На средбата со пратениците, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање Иван Пешевски и Претседателот на СУТКОЗ Столе Кашиковски ги пренесоа главните забелешки.

„Наша критика е тоа што не сме вклучени во процесот. Синдикатите не се вклучени во донесувањето на овој закон иако имаме сериозни забелешки кои ги доставивме до сите координатори на пратеничките групи. Жалиме што се обидуваат на ваков начин на крајот на мандатот да спротнат законско решение кое ќе ги чини вработените во јавниот сектор, односно сите оние работници на кои се однесува законот за административни службеници, 2500 денари помалку на нивната плата од март 2024 година и сметаме дека тоа ќе биде поразително“, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

„Тоа што го добија вработените од тој закон во 2023 први, денеска први ќе го загубат како право. Усогласувањето на платите се случува од март 2025 година, веројатно ја помешале годината, па во 2024 година планираат да ја скратат минималната плата како основица за пресметка на платите на вработените“, кажа Трендафилов.

Сериози забелешки ССМ има и во однос на тоа што Синдикатите не се вклучени во креирање на бодот.

„Владата сама одлучува, на некоја затворена седница колку ќе изнесува бодот врз основа на која ќе ги добиваат платите. Имаме и други забелешки, затоа баравме пристуство на расправата на комисијата. Не знам зошто се срамат пратениците од нас, да присуствуваме и да им ги кажеме сите овие забелешки. Ние сме ги кажале овие забелешки на премиерот, на министрите, но сметаме дека треба да ги слушнат и пратениците“, рече Трендафилов.

Тој кажа дека има информација дека денеска повторно ќе се продолжи со расправата и додаде дека стојат на располагање да им кажат што сакаат да им направат на работниците.

Според него законското решение има низа добри елементи, но тоа е од 1 јануари 2025 година.

Пратениците Стојановски, Мицевски, Стојановска и дополнителниот заменик министер Стефан Андоновски остакнаа дека 
гласот и барањата на работниците мора да се слушне и не смее да биде заборавен.

Темата на оваа работна средба и консултации, на која што ќе присуствуваше и дополнителниот заменик министер Стефан Андоновски беа законите кои се на дневен ред на Комисијата за европски прашања, а кои уредуваат прашања од аспект на државната управа и администрација. 

Нагласија дека ова е единствениот начин синдикатите да го искажат своето мислење и барања бидејќи мнозинството упорно одбива јавна расправа и дебата по законите и сака да ги протне набрзина.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за "Обнова на Македонија" секогаш ќе биде отворена за разговори со сите заинтересирани граѓани и организации.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.