- Македонски
- English
ССМ НА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕТУЦ: Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19
На завршната конференција на ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ која се одржа на 09.11.2023 година во Брисел како претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија учествуваа Светлана Димоски и Весна Тодоровска вработени во ССМ.
Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синдикати – ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & ,работеше на унапредување и користење на новите дигитални алатки на ССМ преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците со новата дигитална алатка ССМ - мои работнички права и нејзината надградба со нови можности.
ССМ во рамките на проектот, презема активности за подигање на јавната свест за улогата и значењето на синдикалното организирање во правец на остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права, па така во претходните 15 месеци ССМ организираше 11 еднодневни средби и обуки во 11 градови во Државата на кои беа презентирани дигиталните алатки на ССМ со цел зголемување на видливоста на ССМ, доближување на синдикатот до младите( има млади работници за кои синдикатот е непозната работа, не знаат што значи синдикат, некои слушнале за синдикатот ама мислат дека тоа е некоја застарена организација) исто така беа организирани и три тридневни обуки за тренери за користење на новите дигитални алатки кои стекнатите знаења ќе можат да ги пренесеат на други работници.
Оваа активности на ССМ претходните 15 месеци беа овозможени со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion и преку промоција на истите, беа видливи за повеќе од 718.511 лица на Facebook и Instagram што допринесе голем број на нови корисници на апликацијата кои побараа бесплатна правна помош од Сојузот на синдикатите на Македонија.
ETUC