- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија информира дека, согласно Статутот и своите програмски определби и со цел да ја сочува својата автономна и независна позиција во однос на политичките процеси и претстојните парламентарни избори, до завршувањето на парламентарните избори нема да се вклучува во медиумски дебати и емисии, кои би можеле да влијаат на било кој начин врз независната, автономната и непартиска позиција на ССМ. За сите актуелни прашања околу ССМ е отворен за соработка после завршувањето на парламентарните избори.