Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДНИЦА НА ЕСС

Сојузот на синдикатите на Македонија како член на Економско – социјалниот Совет бара свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира за следните прашања по следните точки:

1.Разгледување на иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за  изменување и дополнување  на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија

2.Информација од МТСП за причините за измените во предлог текстовите на Законот за работните односи и Законот за трговија кои едногласно беа успогласени на седница на Економско – социјалниот Совет, а се однесуваа на одредбите за утврдување на правото  недела да биде ден за неделен одмор кои надвор од договорено на Економско – социјалниот Совет, со амандмани се променети на штета на работниците без социјалните партнери да бидат поканети на расправите во Собранието.

3.Информација од МТСП за реакциите на ССМ во однос на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп - Битола) во Република Северна Македонија.Имено во членот 12 од законот кој според нас треба да биде избришан, а да се применуваат постојните одредбите од Законот за работните односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Колективните договори како и Конвенцииите на Меѓународната организација на трудот од причини што во член 12 се предвидува дека стратешкиот партнер има целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината.

Ако се земе во предвид дека Законот за работните односи, Меѓународните договори, работничката пракса на секаде во Европа и Светот е 40 часовна работна недела, просекот од 60 часа во текот на неделата на годишно ниво ќе значи дека работниците во текот на неделата ќе работат во некој периоди и повеќе од 60 часа.

4.Информација од МТСП за текот на активностите во врска со иницијативата на ССМ за склучување на Општиот колективен договор за јавниот сектор

На 29.07.2021 година до Владата беше доставен предлогот на Општиот колективен договор за јавниот сектор во кој покрај другото, ССМ предложи да се уреди правото на Регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата за сите вработени во јавниот сектор како и други предлози кои се исклучиво во насока на унапредување на права на работниците во јавниот сектор.

5.Информации од страна на МТСП од кои причини после 2,5 години од преговори на работни групи за нов Закон за работните односи, достави нов текст на Закон  за рабоните односи кој во овие 2,5 години не беше разгледуван.

6.Предлог за Ратификација на Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167), Конвенција за БЗР во рудници ( бр.176), Конвенција за БЗР во земјоделство ( бр.184)

Членовите на ЕСС од ССМ на седницата детално ќе ги образложат сите причини за нашето барање по наведените точки како предлог за дневен ред за седница на Економско – социјалниот Совет.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.