Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ СЕ ИЗБОРИ, ДРУГИТЕ ГЛЕДАА, А МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД МАРТ 20.175 ДЕНАРИ

Штрајковите, протестите, преговорите кои ги водевме целата измината година го даваат резултатот и оваа година, а Сојузот на синдикатите на Македонија преку своите активности успеа да ја зголеми минималната плата за 4.981 денари, ако имаме во предвид дека до март 2022 година минималната плата изнесуваше 15.194 денари, а од март 2023 година ќе изнесува повеќе од 20.175 денари.

Победата што ја остваривме за работниците е тоа што со Законот за измени и дополнување на законот на минимална плата 24.02.2022 е уредено дека минималната плата ќе се утврдува на следниов начин: 50% од порастот на просечната исплатена нето плата во РМ, за претходната година и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, а висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечната исплатена нето плата во Македонија, а според последните податоци од Државниот завод за статистика во 2022 година, просечната плата се зголемила за 10.9%, а трошоците за живот за 14.2% што овозможи минималната плата од март 2023 година да се зголеми за 2.175 денари.

Потсетуваме дека во Член 2 од Законот за минимална плата пропишано е дека ,,Минимална плата е најнискиот месечен износ на ОСНОВНАТА ПЛАТА која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време."

Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: 35% за прекувремена работа, 35% за работа ноќе, 5% за работа во три смени, 50% работа во ден на неделен одмор, 50% за работа во недела и др. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, најмалку за 0,5% за минат труд, а додатоците меѓусебно не се исклучуваат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.