Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ со целосна поддршка за СКРМ и културните работници 

Не е во прашање само Колективниот договор за култура, во прашање се сите колективни договори во кои има утврдено начин и методологија на пресметка на плата, без оглед на тоа дали е просечна или минимална плата по коефициент за сложеност, без оглед на тоа дали е најниска плата по коефициент на сложеност, без оглед на тоа дали е дополнителен % за зголемување на плата, итн.

За сите други е јасно дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, освен за Уставните судии!

А зошто?

Член 32 од Уставот утврдува дека:

,,Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. 

Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. 

Секој вработен има право на соодветна заработувачка. 

Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. 

Од овие права вработените не можат да се откажат.

Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори."

Согласно Уставот, Колективните договори имаат сила на Закон, а во Уставот е предвидено дека ,,Од овие права вработените не можат да се откажат"

Дополнително, член 1, став 2 од Законот за работните односи предвидува дека ,,Работниот однос се УРЕДУВА со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување."

Дополнително, во Законот за работните односи, во член 105, став 1 е предвидено дека  ,,Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување."

И покрај тоа, Уставните судии Одлучиле да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и тоа поставувајќи си три клучни прашања:
 
1.Дали колективниот договор ја надминува законската делегација,

2.Дали воспоставува автономен платен систем без законска рамка и 

3.Дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите.

Одговорот е ист за сите три, а тоа уставните судии добро го знаат, а тоа е :

Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, работниот однос се УРЕДУВА со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување, а работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен 
договор и договорот за вработување.

Ова го гарантираат Уставот, Законите, колективните договори, но и Меѓународните трудови стандарди на МОТ, му се допаѓало тоа некому или не !

Но, дали си ги поставиле најважните три прашања :

1.Која е намерата за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, 

2. Дали тоа тоа ќе повлече укинување на сите колективни договори каде што има утврдено начин на пресметка на плата

3. Чија желба е тоа ?

Синдикат на културата на Република Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.