Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ СО СТУДЕНТИТЕ НА ПРАВНИОТ ФАКТУЛТЕТ

Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски заедно со Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот, учествуваа на онлајн средба со проф. д-р Тодор Каламатиев и  проф. д-р Александар Ристовски  професори на катедрата по Трудово Право заедно со нивните студенти по трудово право на која се дискутираше за колективното договорање и активностите кои ССМ ги спроведува на ова поле.

Долгата соработката на ССМ со Професорите Каламатиев и Ристовски на полето од трудовото право, покрај другото резултираше со претставување на ССМ и непосредно презентирање  пред повеќе од 30 студенти за синдикалните ангажмани и активности во насока на заштита и унапредување на работничките права преку колективните договори.

Отвореноста на синдикатот за соработка со студентите на Правниот факултет  од катедрата по трудово право, кои во иднина ќе бидат главни двигатели на заштитата на работничките права е приоритет на ССМ. 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.