- Македонски
- English
Денеска, се оствари средба помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и градоначалникот на Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci , Митко Јанчев , а на средбата присуствуваа и Секретарот на Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ, Бојан Трипуноски, претседателите на СГИП и СИЕР, Иван Пешевски и Игор Ѓерасов.
На задоволство на работниците и нивните претставници, Градоначалникот Митко Јанчев позитивно одговори и ги прифатиж барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија и ТПЕ во Општина Кавадарци ќе се усогласат за 2806 денари во нето износ.
Градоначалникот Митко Јанчев и Претседателот Димовски се согласија дека за да се исполни ова ќе бидат формирани нови синдикални организации како во Општина Кавадарци каде што ќе се склучи колективен договор со УПОЗ така и спогодби во Јавните претпријатија со Синдикатот СУТКОЗ.
Претседателот на ССМ Димовски и Секретарот на УПОЗ Трипуноски изразија задоволство од постигнатите решенија и од пристапот на градоначалникот Јанчев со што докажува дека е општествено одговорна општина која се залага за унапредување на работничките права.
Со постигнатата согласност, а со потишување на нов Колективен договор за вработените во Општина Кавадарци и спогодбите во Јавните претпријатија ЈП Комуналец, ЈП за јавни паркиралишта Паркинг и спортска сала Јасмин ќе се зголемат платите за 2806 денари.
Примерот на Општина Кавадарци и Градоначалникот Митко Јанчев кои се пример на другите полиња, станува најдобриот пример за почитување на работнички права кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог, а работниците ќе ги уживаат правата за зголемување и усогласување на нивните плати согласно порастот на минималната плата за 2806 денари.