Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ учествуваше на Европскиот економски и социјален комитет

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски учествуваше на 8-миот форум на граѓански организации за Западен Балкан во организација на Европскиот економски и социјален комитет - EESC - European Economic and Social Committee.

На овој форум се дискутира за тоа како да се подобри процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан и Заедничкиот регионален пазар.

,,Водејќи грижа за остварувањето , заштитата и унапредувањето на работничките права , синдикатите се свесни за потребата и нужноста од зголемување на производните капацитети во државата . Изградбата на новите производствени капацитети се неопходна потреба , но исто толку е неоходна и оценката за влијанието на економските развојни проекти врз животната средина. Како претставници на работниците ,синдикатите имаат за цел да се грижат за обезбедување на економско социјална сигурност и стабилност на работниците , но и грижа за здрава и безбедна животна средина како потреба и залог за наредните генерации.

Притоа, од особено значење е да се унапреди регионалната соработката на земјите од Западен Балкан .Поконкретно апелирам на соработка помеѓу синдикатите од земјите од Западен Балкан на овој план , преку размена на искустава и добри практики и градење на заеднички приоритети за делување што ќе овозможат вклучување на сите чинители во решавање на проблемите кои ги засегаат од аспект на економски развој , обезбедување на работа и вработување , но и целосна грижа за природата и животната средина. " истакна претседателот на ССМ Димовски.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.