Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ВЕЌЕ УСПЕА ДА СОНЕСЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ЗДСРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПРОДОЛЖУВАМЊ СО БАРАЊАТА !

КАРАНФИЛОВСКИ ВО СТУДИО 10: ССМ ВЕЌЕ УСПЕА ДА СОНЕСЕ ПРИДОБИВКИ ЗА ЗДСРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПРОДОЛЖУВАМЊ СО БАРАЊАТА !

Здравството е еден од најзначајните системи на државата, кој е многу служен и за да функционира треба да се обезбедат услови и ресурси, а кадровските ресурси се најбитни. Затоа е битна валоризацијата на нивниот труд. Потребна е корекција на нивните плати и ние настојуваме да го постигнеме со преговарање како единствен репрезентативен синдикат кој го има потпишано колективниот договор, вели Љубиша Каранфиловски од Самостојниот синдикат за здравство и фармација при ССМ во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Од општиот колективен договор имавме придобивки. Тие не се за потценување. За првпат по 15 години вработените во здравството добија регрес, добија јубилејни награди, имаме покачен процент на сменско работење и покачени дежурства. Имаме соработка со нашиот социјален партнер а тоа е Министрството за здравство. Последниот наш анекс значи да нема минимална плата, па дури и хигиеничарките имаат 2000 денари повеќе од минимална плата, вели Каранфиловски.

Каранфиловски вели дека во моментот единица за пресметка е 15.499 денари и тоа е резултат на зголемување од 10 отсто, во овој момент 30 отсто зголемување би значело околу 20 илјади денари бруто, но таква корекција на плата буџетот на ФЗОМ ќе ја чини годишно околу 72 милиони евра. Тој додава дека тие пред Владата излегуваат со точни пресметки кои се реални. Каранфиловски вели дека таргет на синдикатот во моментот се медицинските сестри како најзагрозени и за нив прво ќе почне да важи зголемувањето.

Целата вест можете да ја прочитате на линкот

https://24.mk/.../karanfilovski-vo-studio-10-ssm-vekje...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.