Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ: Владата ветува дека ЌЕ има поголеми плати, а храната и енергијата реално премногу поскапеа

Сојузот на синдикати на Македонија нема да дозволи да биде опозиција, ниту пак коалиционен партнер на власта.

Синдикатот може и треба да биде само социјален партнер кој преку

социјалниот дијалог ќе настојува креирање на институционална инфраструктура преку која треба активно да се следат и идентификуваат проблемите.

Владата го прекина социјалниот дијалог, а последниот состанок на Елономско - социјалниот совет се одржа во мај оваа година, истакна вчера претседателот на ССМ Дарко Димовски на дебатата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на „Топ тема“.

Тој ја нагласи важноста на одржување на таа врска преку социјален дијалог, кој според него, е клучен во оваа економска криза за надминување на

проблемите со кои се соочуваат работниците.

Димовски се осврна на тужбата која ја поднесе Синдикатот против Владата за непочитување на членот 8 од Законот за минимална плата и увери дека ССМ ќе го добие случајот споредувајќи ја

состојбата со покачувањето на платата во секторот култура во кој случај, Владата го испочитувала токму тој член преку Колективниот договор кој го склучил работодавачот со Синдикатот за култура.

Првиот човек на ССМ ја оцени како перфидна играта на Владата и Стопанската комора на Северна Македонија за неделата да биде работен ден во туристичките места. Според него тоа барање може да се продлабочи, односно во целата држава да се побара да биде неделата работна како што сакаше СКСМ со иницијативата пред Уставниот суд да го стори, за што ССМ прави се од своите надлежности да не се дозволи правото на работниците да се злоупотреби, а Уставниот суд преку рефератот го потврди овој став на ССМ.

Министерката Тренчевска на вчерашната дебата нејави многу ЌЕ во однос на покачување на платата и унапредувањата на работничките права, но за реализација на сето тоа рече дека потребно е донесувањето на новата методологија за зголемување на платите, која треба да се

воведе до крајот на годината. Тренчевска рече дека Владата гради систем за постојан раст на платите, додека пак претседателот на ССМ Димовски смета дека тоа треба да се случи што

поскоро бидејќи, а според него, државата ќе нема на кого да ги покачи платите бидејќи, како што рече, нашите работници веќе градат системи во туѓи држави.

Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се

одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци.

Синдикатот нема да дозволи политиканство, народот е гладен, цените за храна и сметките се високи.

Покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително бидејќи вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември 2017 година изнесувала 32.316 денари, а денеска е 48.234 денари.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.